ИСТОРИЈА И ТРАДИЦИЈА 


Охрид и Дебрца претставуваат едно од најзначајните духовни и културни подрачја , препознатливо по своето богато црковно наследство, вековна традиција и уникатна православна уметност. Низ различни историски периоди, овие простори биле центар на духовен живот, книжевност и просветителство, каде што се развивале значајни црковни и културни вредности што оставиле трајна трага во македонската историја.
Во селата, планините и покрај бреговите на Охридското Езеро се издигнуваат бројни цркви и манастири, украсени со фрески, икони и архитектура што сведочат за мајсторството и верата на генерации творци и духовници. Овие светилишта не претставуваат само места за молитва, туку и живи споменици на духовниот и културниот идентитет на регионот.
Преку овaa веб страница посетителите имаат можност да ги истражат храмовите, нивната историја, уметност и значење, како и да се запознаат со богатото наследство што со векови се зачувува во Охрид и Дебрца. Целта е да се доближи убавината и вредноста на овие светилишта до сите љубители на историјата, културата и православната традиција.

Општина Охрид
Општина Дебрца
СОСУ „Св.Кирил и Методиј“ – Охрид