Благодарност на Бога за Неговата непрестајна милост

1 Славете Го Господа, зашто е добар, зашто е вечна милоста Негова. 

2Славете Го Бог на боговите,зашто е вечна милоста Негова. 

3Славете Го Господа над господарите, зашто е вечна милостаНегова,

 4Единиот Кој прави големи чудеса, зашто е вечна милоста Негова;

 5Кој премудро го создаде небото, зашто е вечна милоста Негова; 

6Кој ја утврди Земјата врз водите, зашто е вечна милоста Негова;

 7Единиот Кој ги создаде големите светила, зашто е вечна милоста Негова;

 8сонцето – да управува со денот, зашто е вечна милоста Негова; 

9месечината и ѕвездите – да управуваат со ноќта, зашто е вечна милоста Негова. 

10Кој го порази Египет и првородените негови, зашто е вечна милоста Негова; 

11Кој го изведе Израел од средината нивна, зашто е вечна милоста Негова; 

12со цврста рака и подигната мишка, зашто е вечна милоста Негова;

 13Кој го раздвои Црвеното Море, зашто е вечна милоста Негова; 

14и го преведе Израел среде него, зашто е вечна милоста Негова; 

15а фараонот и војската негова ги фрли во Црвеното Море, зашто е вечна милоста Негова.

 16Кој го преведе Својот народ преку пустината, зашто е вечна милоста Негова; 

17Кој порази големи цареви, зашто е вечна милоста Негова; 

18и ги погуби силнитецареви, зашто е вечна милоста Негова; 

19Сихон, царот аморејски, зашто е вечна милостаНегова; 2

0и Ог, царот башански, зашто е вечна милоста Негова; 

21и му ја даде земјата во наследство, зашто е вечна милоста Негова; 

22во наследство на Својот слуга, Израел, зашто е вечна милоста Негова; 

23Кој се сеќава на нас во нашето понижување, зашто е вечна милоста Негова; 

24и нѐ избавува од непријателите наши, зашто е вечна милоста Негова;

 25и Кој дава храна на секојаплот, зашто е вечна милоста Негова. 2

6Славете Го небесниот Бог, зашто е вечна милоста Негова.

БОЖИЌНА ПЕСНА

НЕБО И ЗЕМЈА
Небо и земја (x2) сплотени се сега,
ангели носат (x2) на луѓето радост.
Христос се роди, Бог е во тело,
ангелите пеат, царевите идат,
дарови Му носат, пастири се чудат,
чудото го раскажуваат.
Во Витлеем (x2) има добра новост,
Чистата Дева (x2) свето Дете роди.
Христос се роди, Бог е во тело,
ангелите пеат, царевите идат,
дарови Му носат, пастири се чудат,
чудото го раскажуваат.
Словото Божјо (x2) зеде наше тело,
сонцето светло (x2) засветли со правда.
Христос се роди, Бог е во тело,
ангелите пеат, царевите идат,
дарови Му носат, пастири се чудат,
чудото го раскажуваат.
Ангели служат (x2) на Царот новороден
и во вертепот (x2) Му чинат според волја.
Христос се роди, Бог е во тело,

ангелите пеат, царевите идат,
дарови Му носат, пастири се чудат,
чудото го раскажуваат.
Тројца цареви (x2) идат од далек исток,
смирна и ливан (x2) и злато тие носат.
Христос се роди, Бог е во тело,
ангелите пеат, царевите идат,
дарови Му носат, пастири се чудат,
чудото го раскажуваат.
И ние поклон (x2) да дадеме на Бога,
слава во вишних (x2) пеејќи Му сложно.
Христос се роди, Бог е во тело,
ангелите пеат, царевите идат,
дарови Му носат, пастири се чудат,
чудото го раскажуваат.

БОЖИЌНА ПЕСНА

Вечниот Бог
Вечниот Бог слезе и во Дева се всели;
Свет, Свет, Свет си и Пресвет Господи;
Царот на сите и Господ, дојде Адам да го преобрази;
Свет, Свет, Свет си и Пресвет Господи;
Мудреци од Исток доаѓаат, дарови да принесат достојни;
Свет, Свет, Свет си и Пресвет Господи;
Да се поклонат на Господа, во пештера родениот;
Свет, Свет, Свет си и Пресвет Господи;
Сите на Христа да Му пееме, Он заради нас се воплоти;
Свет, Свет, Свет си и Пресвет Господи;
О, Дево, Мајко, Владичице, спаси ги христијаните;
Свет, Свет, Свет си и Пресвет Господи;
О, Дево, Мајко, Владичице, спаси ги христијаните;
Свет, Свет, Свет си и Пресвет Господи.

ХРИСТОС ВОКСРЕСЕ (ТРОПАР)

Црковнословенски (оригинал):
Христос воскресе из мртвих,
смертију смерт поправ,
и сущим во гробјех живот даровав.

Македонски превод:
Христос воскресна од мртвите,
со смртта ја победи смртта,
и на оние во гробовите им подари живот.