Црквата Свети Константин и Елена се наоѓа на доминантно место во стариот дел на Охрид, во дворот на ОУ „Климент Охридски“, во непосредна близина на црквата Света Богородица Перивлепта. Изградена е и фрескоживописана во 1477 година, како што покажува натпис над јужниот влез. Црквата е еднокорабна со попречен полуоблест свод, а од јужната страна подоцна е доѕидан мал параклис посветен на света великомаченица Параскева. Целата внатрешност е фрескоживописана.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *