Црквата „Св. Варвара“ е македонски православен храм, сместена во стариот дел на Охрид, веднаш до влезот на античкиот театар, на главната улица „Илинденска“, која води кон горната порта на Самолиовата тврдина.
Општи податоци
Покровител: Света Варвара
Година на изградба: 1965
Архитектонски тип: еднокорабна
Историја и особености
На местото пред изградбата постоело камарче со икона на св. Варвара, кое сè уште се наоѓана северниот ѕид.
По уривањето на придружните објекти и демонтирањето на иконостасот од црквата „Св.Јован“ – Канео, истиот е монтиран во оваа црква за заштита на иконите. Црквата претставува важен духовен и културен споменик во центарот на Охрид.