Според преданија, изградбата на црквата се одвивала од 1322 до 1340 година, а првично требало да биде осветена во 1345 година од охридскиот архиепископ Николај I. Тој не го извршил осветувањето бидејќи бил повикан да го круниса Царот Душан во Скопје. Храмот останал неосветен речиси три века, сè додека не бил изведен живописот во 1605 година, што се смета и како формален датум на подигањето на црквата.
„Св. Ѓорѓи“ е еднокорабна гробишна градба, сместена на возвишение во северозападниот дел на
селото. Изградена е од кршен камен со полукружен свод и тристраната апсида од бигор на исток.
Во внатрешноста, на северниот и јужниот ѕид има длабоки ниши. Во 1995 година е извршена
целосна реконструкција на покривот, а на 30 јуни 2019 година храмот бил преосветен од
митрополитот Тимотеј Дебарско-кичевски.
- Живописот од 1605 година ја красел црквата со сцени и светители, како што се:
- Северниот ѕид: Свети Наум Охридски Чудотворец и Свети Кирил Философ
- Јужниот ѕид: Свети Ахил Лариски и Свети Прохор Охридски
Под сликата на Свети Прохор се прикажани и Свети Сава Српски и Свети Симеон, што
укажува на историската важност на Охридската архиепископија во однос на српските
епархии. - Во 1903 година, црквата била уништена при изгорувањето на селото за време на Илинденското востание. Иконостасот бил обновен во 1916 година од зографот Ѓорѓи Андонов.
- Овој храм е значаен и поради својата долгогодишна духовна улога и како сведоштво за
средновековната и постојаната верска традиција на Врбјани.