„Св.Богородица“ – Ботун

Црквата „Света Богородица“ кај Ботун е централниот храм на новиот манастирски комплекс, подигнат врз темели на постара средновековна светиња. Нејзината изградба започнала во 1991 година, со што се обновува континуитетот на духовниот живот на ова место.

„Св. Никола“ – Белчишта

Црквата „Свети Никола“ во селото Белчишта е главна селска црква, сместена североисточно од селото, на падините на рид, во чиј двор се наоѓаат и гробиштата. Изградена е во XIX век, кога е создаден и нејзиниот иконостас, а обновена е во 1977 година. Престолните икони се дело на познатите зографи Серафим Зограф и Аврам Дичов.

„Св. Богородица“ – Волино

Црквата „Св. Богородица“ во Волино е значаен пример на македонската преродбеничка архитектура и централна светиња за местната парохија. Сместена е во југоисточниот дел на селотo и служи како гробишен храм. Изградена е во 1900 година како еднокорабна градба со трансепт, а нејзините три апсиди (источна, јужна и северна) се петстрани, што ѝ дава уникатен облик […]

Манастир „Сите Светии“

Манастир „Сите Светии“ – ЛешаниМанастирот „Сите Светии“ во селото Лешани (Општина Дебрца, близу Охрид) е уникатен православен манастирски комплекс посветен на Сите Светители, кој претставува едно од најзначајните духовни светилишта во регионот.? Сместен е на околу 25км од Охрид, на самиот влез од селото Лешани, на тивко и зелено место кое нуди мир и духовен […]

Св. Ѓорѓи – Годивје

Црквата „Св. Ѓорѓи“ во Годивје е средновековен храм од XV век, сместен на возвишение восеверниот дел на селото, близу до гробиштата. Таа е изградена од кршен и делкан камен со малтери е во архитектонски стил сличен на црквите „Св. Константин и Елена“ и „Св. БогородицаБолничка“ во Охрид, со јасна врска со Охридската школа. Внатрешниот фрескоживопис […]

Црква „Св.Ѓорѓи“ Врбјани

Според преданија, изградбата на црквата се одвивала од 1322 до 1340 година, а првично требало да биде осветена во 1345 година од охридскиот архиепископ Николај I. Тој не го извршил осветувањето бидејќи бил повикан да го круниса Царот Душан во Скопје. Храмот останал неосветен речиси три века, сè додека не бил изведен живописот во 1605 […]

Црква „Св. Константин и Елена“

Црквата Свети Константин и Елена се наоѓа на доминантно место во стариот дел на Охрид, во дворот на ОУ „Климент Охридски“, во непосредна близина на црквата Света Богородица Перивлепта. Изградена е и фрескоживописана во 1477 година, како што покажува натпис над јужниот влез. Црквата е еднокорабна со попречен полуоблест свод, а од јужната страна подоцна […]

Црква „Пресвета Богородица Перивлепта“ – Охрид

Црквата „Пресвета Богородица Перивлепта“ (или „Пресвета Богородица Севидна“) е православен храм во Охрид, изградена пред 1295 година. Фресконатписот во нартексот го споменува Прогон Згур и годината на живописот на црквата, 1295. Во текот на 15 век, кога регионот бил под Османлиско Царство, црквата имала голем углед. Деволскиот епископ Григориј соѕидал и ја живописал северната капела […]

Манастир Свети Наум

Манастир „Свети Наум“Манастирот „Свети Наум“ се наоѓа на висока карпа, на најјужната точка на Охридското Езеро, воместо со ретка природна убавина. Неговиот основач е свети Наум, соработник на свети Климент,кој пред крајот на својот живот го основал манастирот „Свети Архангел“ и бил погребан во него во910 година. Околу манастирот се наоѓаат повеќе помали цркви и […]

Црква „Св. Климент и Пантелејмон“

Црквата Свети Климент и Пантелејмон се наоѓа во месноста Плаошник во стариот дел на Охрид. Изградена е и осветена во 2002 година, а е наречена во чест на Свети Климент Охридски, кој првобитно го изградил храмот на ова место, и на Свети Пантелејмон, на кого првобитно била посветена. Оваа црква претставува реплика на постарата црква […]