Црквата „Св. Јован Богослов Канео“ е една од најпознатите цркви во Охрид, сместена на карпестиот рид над плажата Канео во стариот дел на градот. За нејзината почетна историја нема современи пишани податоци, но според натписот на фреско-малтерот од црквата Св. Константин и Елена, постоела нива од селото Лескоец како имот на Канео, што ја потврдува нејзината активност пред 1447 година. Иако конкретни податоци за изградбата не постојат, се претпоставува дека животот на црквата започнал од XIII век и продолжил до почетокот на XIV век. Во османлискиот период, активноста на црквата опаѓа, а делови од објектот се урнувале. Во периодот меѓу XVII и XIX век црквата била запуштена, што се докажува од најстарата икона во нејзиниот ентериер од 1676 година.Во поновата историја се извршени зафати за обновување на сводовите и анексите.Иконографски, црквата претставува значаен пример за средновековното сликарство во Македонија, со елементи поврзани со традициите на Комнините, слични на Св. Софија во Охрид, Св. Константин во с. Свеќани и Св. Никола во с. Манастир. Денес, Канео има зачувано добар дел од првобитните фрески и го задржува својот првобитен шарм, иако била подолг период напуштена.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *